16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници

Досега е прибрана документација на повеќе од 400 страници, со која македонското Министерство за правда ќе бара екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конференција информира дека веќе е почнат процесот за барање за екстрадиција.

,Министерството за внатрешни работи до Министерството за правда ја има доставено информацијата дека бегалецот Никола Груевски е во Будимпешта. Министерството за правда веќе од надлежните судови ја прибира документацијата во однос на случајот, таа ќе биде комплетирана, преведена соодветно и доставена до унгарските надлежни органи, во случајот Министерството за правда на Унгарија.

Во документацијата ќе има и обраложение зошто Никола Груевски треба да биде екстрадиран во Македонија, се работи за обемна документација, над 400 страници, меѓутоа, без оглед на тие страници, ова барање ќе биде и официјално доставено до Унгарија во текот на овие денови“, изјави Бошњаковски.

Спонзорирано: