20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ со нови детали за мистериозната средба меѓу Мицкоски и Груевски

Христијан Мицкоски упорно се крие од граѓаните зад социјалните мрежи и одбегнува да даде одговори на јавноста за неговата средба со Никола Груевски, што јавно, токму тој ја потврди во телевизиско интервју, се наведува во соопштение на СДСМ.

„Што било договарано на средбата Груевски-Мицкоски? Што значи тоа што пионот Мицкоски јавно го кажа дека разговарале за ‘неговата иднина’ и ‘личните моменти’“, прашуваат од владејачката партија.

Оттаму истакнуваат дека молкот на Мицкоски ги засилува веќе отворените сомнежи во јавноста дека, како што велат, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ знаело или е поврзано со планот за бегство на осудениот Никола Груевски.

Сметаат дека Мицкоски должи одговори за основаните сомнежи за неговите активности во изминатиот период и ги повикуваат надлежните институции да отворат истрага за бегството на, како што наведуваат, криминалецот Груевски со која сите соучесници ќе бидат пронајдени и санкционирани.

Попладнево СДСМ се очекува да открие нови детали за оваа средба.