14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Како ли побегна Груевски: Јавното обвинителско ја отплеткува мрежата и шемата на мистериозното бегство

Македонија веќе со денови ја мачи прашањето Како побегна Никола Груевски? Дали за тоа помогнале вработени во полицијата кои биле во добри односи со поранешниот премиер или пак успеал толку генијално да го одигра бегството на ваков начин махерот Никола Груевски, без да биде забележан од никого.

Македонското Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија.

„Следејќи ги информациите во врска со бегството на осудениот Н.Г., како и написите на медиумите и интересот на јавноста, оформи предмет по допрен глас. Во врска со настанот постојат основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластувањето, му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти Република Македонија“, велат од Обвинителството.

Од таму додаваат дека предметот му е доделен на надлежен обвинител и во рамките на предистражната постапка издадени се наредби за прибирање податоци поврзани со настанот​.

Спонзорирано: