3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германија го поздрави прелиминарниот договор за брегзитот

Германија го поздрави нацрт-договорот меѓу Брисел и Лондон за излезот на Британија од Европската Унија.

„Многу сум задоволен од главните преговарачи од ЕУ и Велика Британија кои постигнаа прелиминарен договор во преговорите за брегзитот“, изјави министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас.

„По неколку месеци исполнети со неизвесност, конечно добивме јасен знак од Велика Британија за тоа како повлекувањето од ЕУ може да продолжи“, додава Мас.

Мас нагласи дека Германија ќе продолжи да дава поддршка за одржување на односите меѓу Кралството и ЕУ и по брегзитот.

Британската премиерка Тереза Меј соопшти дека договорот бил постигнат по петчасовна средба во кабинетот.

Според локални медиуми, ЕУ го прифаќа предлогот Британија да остане во целост во царинската унија со европскиот блок со цел да ги задоволи барањата на Кралството да го заштити својот територијален интегритет.

Сите детали во врска со нацрт-договорот Меј ќе ги соопшти пред парламентот в четврток.