8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Јанкулоска со жестока порака за Груевски: Бегството не може да биде решение, таквата одлука е за осуда

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска коментирајќи го бегството на поранешниот премиер Никола Груевски рече дека тоа не може да биде решение на кој било проблем.

-Не сметам дека ова може да биде решение на кој било пролем. Не се согласувам со таа постапка без оглед на деталите како се одвивала и како била планирана. Не можам да се согласам со ниту еден сегмент со таа постапка што е направена, рече Јанкулоска во Отворено студио на 1ТВ.