22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Иванов сака да ги “разбие” шпекулациите: Имало или не средба меѓу посредник на Миле Јанакиевски и функционер од Кабинетот на Претседателот?

Кабинетот на Иванов ги потврди информациите дека средба меѓу Миле Јанакиевски, обвинет, притвореник и екс министер за време на владеењето на Никола Груевски со Претседателот Ѓорге Иванов.

„Кабинетот на претседателот на Република Македонија, по објавата во јавноста на решението на Основниот суд Скопје 1 за определување мерка притвор против лицето Миле Јанакиески, категорично одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука. Ја информираме јавноста дека ниту е побарана ниту е одржана средба со посредник на Миле Јанакиески, како што е наведено во службената белешка на УБК, класифицирана ‘строго доверливо’, а која е основ за определување на мерката притвор. Миле Јанакиески телефонски побара средба со претседателот Иванов, која е одржана на 13.11.2018 година, вторник, во 16 часот, во кабинетот на претседателот на Република Македонија. На средбата воопшто не беа дискутирани темите за амнестија, на која се повикува судот во решението за притвор, која е во надлежност на Собранието на Република Македонија, ниту, пак, аболиција“, се вели во соопштението.

Од кабинетот на Иванов велат дека станува збор за конструкција на лаги врз основа на претпоставки. Сето ова, велат од таму, претставува груба полициска манипулација и инволвирање полициски службеници, со што се извршени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето, фалсификување исправа, употреба на исправа со невистинита содржина.

„Останува нејасно врз основа на што се следат активностите на претседателот Иванов и неговиот кабинет од страна на УБК. Очекуваме итни одговори од министерот за внатрешни работи, од директорот на УБК, од претседателот на Основниот суд Скопје 1 на дописите од кабинетот на претседателот на Република Македонија, кои беа испратени денеска. Очигледно е дека продолжува практиката на конструкции и генерирање кризи во македонското општество од неодговорно однесување на припадници на УБК, нешто што претседателот Иванов го потенцира во годишното обраќање до пратениците во 2017 година“, се вели во соопштението.

Инаку претседателот Иванов, велат од неговиот кабинет, како и досега, ќе постапува исклучиво во согласност со Уставот на Република Македонија и неговите надлежности и со никакви притисоци и закани нема да отстапи од тоа.

Спонзорирано: