7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТЕХНОЛОГИЈА

Словенија ќе лансира два сателита

Словенечката влада објави дека одобри почетни средства за првите два сателита проектирани во Словенија, кои треба да бидат лансирани во вселената во првата половина на следната година со ракетата „Вега“ на фирмата „Аријанеспејс“.

Станува збор за микросателитот „Немо ХД“, кој го направиле словнечки инженери, при што 85 отсто од средствата се од Европската Унија, а преостанатите 15 отсто од државниот буџет.

Сателитот од 65 килограми, кој ќе ја снима Земјата од висина од 600 километри, е дополнување на европскиот систем „Коперникус“, кој е извор на податоци за потребите на урбанизмот, екологијата, земјоделството, шумарството и транспортот.

За новиот проект владата обезбедила 830 илјади евра, а од подготовката на проектот до лансирањето вкупните трошоци ќе изнесуваат 2,3 милиона евра во рамките на програмата на Европската вселенска агенција (ЕСА).

Словенија пред две години стана придружна членка на ЕСА, а конкурира за постојано членство.

Освен микросателитот „Немо ХД“, Словенија со ракетата „Вега“ во вселената ќе го лансира и наносателитот „Трисат“ со маса од 4,4 килограми.