5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Киднапирање среде бел ден во Скопје: Го грабнале на Железничка, го тепале кај Марков манастир

Вчера попладне околу 17:30 часот во Полициска станица Центар, 33-годишниот М.И. од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 14 часот пред железничката станица во Скопје, З.Џ., го внел во патничко моторно возило “Фолксфаген пасат” и заедно со З.И., се упатиле кон Марков манастир.

Притоа, З.Џ. и З.И., поради паричен долг на М.И. кон З.Џ., му упатувале закани, а во близина на Марков манастир, З.Џ., физички го нападнал М.И..

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.