20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Некогаш му беше близок соработник, а денес му порача: Длабоко сум разорачаран од бегството на Груевски

Поранешниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски, за ТВ 21 вели дека е разочаран и вознемирен од бегството на Никола Груевски, тој додава дека овој чин е за најостра осуда.

„Длабоко сум разочаран и вознемирен од овој чин кој е за најостра осуда и од кој што целосно се оградувам. Ова сериозно ги подрива сите напори и иницијативи што во моментот се водат во насока на национално помирување на повеќе нивоа. Кон сите што учествуваме во овие процеси, апелирам да продолжиме со она што и е навистина потребно на нацијата. Иако е тоа тешко, апелирам гневот од овој чин да не се насочува кон другите луѓе кои што се опфатени во други судски предмети и истраги. Верувам дека правдата на крај сепак ќе го стигне секого“, изјави Владими Пешевски за ТВ 21.

Спонзорирано: