10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/Arhiva
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Апсења низ Македонија – меу притворените Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени, поради опасност од бегство.

,,Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителствот за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за определување мерки за обезбедување присуство против М.Ј. и К.Б. опфатени во предметот со КОК
бр. 7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, по ценење на фактите и доказите во предлогот донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 точка 1. од ЗКП односно „ ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство“, соопшти
Основниот суд Скопје 1.

Јанакиески е обвинет во пет случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за кои судењата се во тек. Се споменува во речиси сите истраги на СЈО.Кирил Божиновски, како поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е обвинет во случајот со изборни нерегуларности „Титаник“.

Спонзорирано: