20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Владејачката СДСМ со досега најжестоко соопштение до Никола Груевски: Осудениот криминалец, Никола Груевски самиот потврди дека е срам и кукавица, но нема да побегне од правдата

– Осудениот криминалец Никола Груевски самиот потврди за себеси дека срам и кукавица. Во страв од соочување со одговорноста за криминалот Груевски побегна на подмолоен начин, се вели во досега најжестокото соопштение на СДСМ кон Никола Груевски во последниов период и се додава:

– Криминалецот Груевски го допре дното, падна на најниско можно ниво. Со кукавичкото бегство, лажниот патриот, криминалецот Груевски покажа дека останува верен на казуата на криминалот што со години го приредуваше, велат од владејачката СДСМ.

Никола Груевски е срам за јавноста и срам за ВМРО-ДПМНЕ.

– Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на чело со пионот Христијан Мицкоски, се единствените кои го барант неговото криминално дело.

Неговиот пион Мицкоски треба да одговори дали го оправдува бегството на Груевски и неговото криење од правдата?

Институциите имаат обврска пред граѓаните да утврдат и да соопштат кој е одговорен за ова. Зошто не е одреден притвор или друг начин на обезбедување? Зошто со денови се чекаше и не се побара на време од МВР потерница, за да може да се активира одделот за потраги?

Соочен со сопствениот страв и очај Груевски може да се обидува да бега. На Груевски и на оние што се обидуваат да го бранат криминалот мора да им стане јасно дека никој нема да може да побегне од правдата, велат од СДСМ.