26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Полицијата го претресе и возилото во кое беше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев, им викаше на полицајците – „срам да ви е!“

Порталот Курир објави снимка од претресот на возилото на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Откако не го најде Никола Груевски во неговиот дом, полицијата се упати во седиштето на ВМРО ДПМНЕ. Таму полициски службеници ги проверува возилата кои излегуваа од подземниот паркинг на ВМРО-ДПМНЕ.

Во едно од нив беше и Јанушев. Тој ги прашуваше полицајците зошто му ја бараат личната карта и го претресуваат возилото и им се обрати со зборовите „Срам да ви е!“