8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Сопругата и мајката на Груевски се во Македонија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија потврди дека вчера сопругата на Никола Груевски, Боркица, им дозволила да проверат дека не е дома, а утрово како што кажа Спасовски, биле и во домот на неговата мајка.

– Таа беше дома, ни дозволи да го провериме нејзиниот дом и утврдено е дека Груевски не е таму – рече Спасовски.

Како што кажа тој, обезбедувањето од МВР последен пат го видело Груевски во четвртокот 30 минути пред полноќ кога го оставиле во домот. Тој им кажал дека другиот ден треба да бидат кај него во 9 часот утрото и да чекаат да ги повика за да го обезбедуваат надвор од неговиот дом. Сепак, тој не ги повикал во текот на целиот ден, а пред зградата на Груевски останале до вечерта. Ова не им било сомнително, бидејќи и претходно се случувало по цел ден да не ги повика.

Спонзорирано: