8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мијалков беше прашан каде е Никола Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник 2“ изјави дека не знае каде се наоѓа експремиерот.

Вчера Министерството за внатрешни работи распиша потерница по Груевски откако судскиот курир од петокот во повеќе наврати не го најде на домашната адреса за да му го врачи решението за издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО, односно за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600.000 евра.

Вчеравечер полициски „алфи“ влегоа во станот на експремиерот во Скопје, но внатре не најдоа никој. Откако Груевски не беше пронајден на домашна адреса, полицијата се упати кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде се претресуваа сите автомобили што излегуваа од гаражите. На прес-конеференција, генералниот секретар Игор Јанушев изјави дека Груевски не се крие во седиштето и дека лично тој го нема видено Груевски околу 6-7 месеци.

Засега нема информации каде е Груевски, ниту дали полицијата го лоцирала. Од МВР велат дека ќе ја информираат јавноста штом имаат конкретни сознанија по потерницата.

Откако ќе му биде врачено решението, Груевски веднаш треба да се појави во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Спонзорирано: