Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Нигерија 70 жртви на колера

Бројот на смртни случаи во Нигерија предизвикани од колера се искачи на 71, соопштува Светската здравствена организација.

Колинс Овили, претставник од СЗО, соопштува дека 71 лице се починати од колера во пет области на Јобе.

Според Овили, 759 случаи на колера се детектирани во регионот во последните два месеца, а владата на Нигерија обезбедува бесплатно лекување за да се справи со епидемијата.

Колерата претставува акутно заболување предизвикано од инфекција во цревата со бактеријата вибрио колерае со која луѓето се заразуваат преку вода или храна што е веќе инфицирана со бактеријата.

Симптомите вклучуваат дијареа и повраќање, а ефектот на болеста зема замав 6 до 48 часа откако бактеријата ќе навлезе во телото.

Многу делови од Нигерија се често афектирани од епидемијата поради ограничен пристап до чиста вода за пиење.

Спонзорирано: