20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп во разговор со Макрон ги помеша Балтик и Балкан

Американскиот претседател, Доналд Трамп кој е во посета на Париз остварил среба со францускиот претседател Емануел Макрон.

За време на нивниот разговор како што пишуваат „Монд“ и „Гардијан“ Трамп ги помешал Балканот и Балтикот. Според „Монд“, Трамп на приватна средба со Макрон изјавил дека водачите на Балтичките земји се одговорни за војната во Југославија.

Претседателите на Литванија, Естонија и Летонија, за момент, слушајќи го Трамп се зачудиле зошто американскиот претседател ги меша Балтикот и Балканот, пишува „Гардијан”.

„Монд” во својот напис додава дека и покрај изненадувањето, претседателот Трамп продолжил да се однесува како да не знае за Југославија, иако првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, потекнува од Словенија.

Засега Белата куќа не излезе со официјален став и коментар околу написите во медиумите.