26.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мигранти украле комбе, бегајќи од црногорската полиција предизвикале сообраќајна несреќа

Повеќе мигранти беа повредени откако украле комбе со кое се обиделе да избегаат од црногорската полиција, но бегајќи од полицијата поради големата брзина со кое било управувано комбето тоа се превретело на пат во близина на селото Враца, соопшти полицијата.

Еден од мигрантите беше сериозно повреден и беше уапсен во Општа болница во Плевља. Во комбето, кое претходно било украдено, имало околу десетина имигранти, но сè уште не е утврдено кој го управувал возилото.

По кражбата на комбето, полицијата веднаш трганала во потрага и за кратко време стигнала до информации во кои дел се движело украденото возило.

„Кога се обидувавме да ги застанеме, возачот на комбето не внимаваше на полициското предупредување, а потоа набрзо се случи сообраќајна несреќа”, се вели во соопштението на полицијата.