26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Околу 5 000 мигранти пеш го продолжуваат своето патување кон САД

Околу 5 000 мигранти продолжија пеш да одат од Мексико Сити до американската граница, пренесува агенцијата Франс Прес.

Се додава дека мигрантите одат во придружба од околу 1 000 полицајци.

Караванот со мигранти тргна на 13 октомври од Хондурас во Мексико. Мигрантите досега поминале над 1 500 милји.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, доаѓањето на мигрантите го оцени како инвазија и испрати неколку илјади војници на границата со Мексико.