14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Макрон се присети на Првата светска војна и предупреди дека тоа би можело да се повтори

Францускиот претседател, Емануел Mакрон за време на своето обраќање денеска се присети на Првата светска војна и нејзините жртви, нагласувајќи дека историјата и денес се заканува дека може да се повтори истото, и дека одговорност е на лидери кои се собраа во Париз да им пренесат на идните генерации свет каков што сонуваат сите.

„11 ноември 1918 година беше пред сто години. Се чини далеку, но тоа всушност беше вчера. Трагите од војната никогаш не се бришат, ни на тлото на Франција, ни во Европа, ниту на Блискиот Исток, а ниту пак ќе се избришат и сеќавањата на луѓето”, рече Макрон пред шефовите на држави и влади од целиот свет, лидерите на меѓународни организации и други кои денеска се собраа во Париз по повод одбележувањето на годишнината од крајот на Првата светска војна.

„Историјата се заканува дека ќе се повтори”, предупреди францускиот претседател.

„Историјата се заканува дека повторно ќе се движиме кон трагичен тек“ , рече тој, додавајќи дека неговите колеги треба на своите деца да им пренесат свет за кои сонуваат сите генерации.

Неговиот говор, во кој тој ја истакна важноста на француско-германското пријателство, како и создавањето на Европската унија и Обединетите нации по Втората светска војна, заврши со зборовите: „Да живее мирот меѓу народите и меѓу земјите, да живеат слободните држави ширум светот, да живее пријателството меѓу народите, да живее Франција”.