21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

(Видео) Град Скопје веќе една година е запоставен, има многу проблеми, а нема решенија, обвинуваат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Град Скопје веќе една година е запоставен, купишта проблеми, а никаде решение, изјави денеска членот на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.

Попов додава кучиња скитници напаѓаат луѓе, ѓубрето не се чисти редовно, а кога тоа се прави се претставува како некој голем проект, а не секојдневна обврска. Проекти нема, а проблемот со загадувањето кое веќе десетина дена ни тропа на врата се заканува и оваа зима да биде горлив проблем за скопјани, вели тој.

„Шилегов нема решение за намалување на загаденоста на воздухот, иако пред избори ветуваше експресно решавање. Сега наместо да се фати за работа организира стенд ап настапи за својата не работа. На скопјани не им е до смеа, особено не затоа што Скопје веќе десетина дена е меѓу десетте најзагадени градови во светот, а вас очигледно затоа не вие гајле“, изјави Попов.

Од партијата повикаа итно да престанете да правите комедија од цел град и да се работи, или во спротивно да се поднесе оставка од функцијата.

Спонзорирано: