18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Инцидент во Париз: Жена истрча топлес пред автомобилот на Трамп

Додека конвојот на американскиот претседател Доналд Трамп поминуваше низ улиците во Париз, се случи инцидент. Жена се соблече топлес и истрча пред авотмобилот на Трамп, кој беше тргнат пред Триумфалната капија за да присуствува на церемонијата од 100-годишнината од Првата светска војна.

Жената, како што пренесуваат француските медиуми успеала да истрча на улицата и покрај големото полициско обезбедување кое е поставено низ целиот град.

Околу 10 000 полицајци денеска обезбедуваат на церемонијата, на која присуствуваат шефови на држави или влади од осумдесет земји, директни или индиректни учесници на Првата светска војна.

По инцидентот, полицијата експресно брзо реагирала и успеала да ја приведе жената, која пружала оптор на полициските службеници.