20.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авион принудно слета во Сибир, забележан бил чад во пилотската кабина

„Боинг 777“ кој леташе на линијата Шангај – Париз принудно слета утрово на аеродромот во сибирскиот град Иркутск.

Авионот слетал принудно бидејќи пилотот и копилотот забележале како се шири чад пилотската кабина, соопшти одделението за транспорт при руското Министерство за внатрешни работи.

Како што соопштија оттаму авионот слетал веднаш откако пријавил дека нешто не е во ред со леталото, а сите патници кои се наоѓале во авионот се безбедни и некој не е повреден.

Засега не се соопштува на која компанија и припаѓа авионот.