25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бездомник кој спречил напад во Мелбурн доби 36 000 долари од граѓаните

Бездомник кој со количка за пазарување од супер-маркет спречил маж да изврши напад во Мелбурн, неочекувано добил награда за неговото дело.

Имено, граѓаните на главниот град на австралиската сојузна држава Викторија, Мелбурн собирале донации со ццел да му помогнат на бездмникот кој претходно им помогнал нив. Тие успеале да соберат дури 36 000 долари за да му помогнат тој да може да си обезбеди подобри услови за живот за знак на благодарност.

Бездомникот Мајкл Роџерс, успеал пред само неколку дека да го спречи напаѓачот Хасан Калиф Шар Али, кој со нож нападна три лица во градот, објави Ројтерс. За среќа немало поголем број повредени, благодарение на Роџерс.