11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

ВКУСЕН РУЧЕК: Шницли до лосос

Направете шницли од лосос и уживајте во прекрасниот вкус…

Состојки:

250 гр свеж лосос
4 лажици путер
1 главица црвен кромид
4 стебла целер
1 мала црвена пиперка
половина жолта пиперка
1 шолја презла
1/2 шолја мајонез
2 лажици сенф
2 јајца

Начин на подготовка:

Лососот испечете го рерна загреана на 180 степени околу 15 минути. Извадете го од рерна и оставете го да се излади.

Во тава растопете 2 лажици путер и 2 лажици маслиново масло. Пропржете ситно сечкан кромид, целер и пиперки. Посолете, побиберете и оставете да се динста дваесетина минути. Оставете да се излади.

Издробете го изладениот лосос, додајте презла, мајонез, сенф и јајца. Додајте ја смесата од зеленчук и добро измешајте. Оставете во фрижидер да се излади околу половина час.

Со раце обликувајте 10 шницли и пржете ги на 2 лажици путер и 2 лажици маслиново масло додека не добијат златна боја.

Добар апетит!