20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вечерва “врие” од функционери во зградата на ВМРО ДПМНЕ, а причината само една

Моменталните политички состојби во Македонија, “морањето” на Груевски да оди во Шутка, но и посетата на високата делегација на ВМРО ДПМНЕ на конгресот на ЕПП се главни теми на вечерашниот состанок на Централниот комитет на опозициската партија.

На само неколку минути пред почетокот на Централниот комитет, пред “замрзнатата” од СЈО, позната како Бела палата или Шампита, кратка изјава за претставниците на медиумите даде актерот Тони Михајловски кој е член на ИК на партијата.

Тони Михајловски рече дека листата за прогонот кон ВМРО-ДПМНЕ не завршува кај пратеникот Никола Груевски.

– Повеќе од јасно е дека прогонот е насочен кон ВМРО-ДПМНЕ и неговото поранешно и сегашно раководство – рече Михајловски и додаде дека дека партијата ќе ги преземе сите мерки кои и стојат на располагање на една опозиција.