6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Селска кајгана со компири: Ќе ја обожавате!

Овој омлет е вистинска калориска бомба, но само за оние кои не водат сметка за тоа – на село никој не брои калории…

Состојки:
100 гр сланина
50 гр путер
2 компири
1 веза мгадонос
лист целер
8 јајца
сол
бибер

Начин на подготовка:

Во половина од маснотијата испржете исечкана сланина. Компирите исечете ги на тенки кругови и пропржете ги во другата половона од маснотијата. Кога ќе добијат боја, додајте сечкан магдонос и целер.

Разматете јајца, посолете, побиберете, додајте компири, брзо измешајте и сè ставете во тавата со пропржена сланина.

Испечете го омлетот од двете страни, но водете сметка да остане мек и со дебел слој.

Послужете со кајмак или сезонска домат-краставица салата.

Добар апетит!

Спонзорирано: