6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Пита од аронија

Ви предлагаме за следниот десерт да направите пита од аронија. Ќе бидете изненадени од вкусот!

Состојки:

  • 650 гр брашно
  • 2 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 250 гр маргарин
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1 кг аронија
  • 10 лажици шеќер
  • 8 лажици мелени бисквити

Начин на подготовка:

Брашното нека биде половина остро, половина глатко. Од сите состојки замесете тесто. Тестото оставете го во фрижидер половина час, а потоа поделете го на два еднакви дела.

Поголемиот дел развлечете го на плехот и ставете го да се пече на 180 степени. После 10 минути, извадетего и на него ставете фил па ставете го останатото тесто. Печете додека не порумени.

Посипете со шеќер и послужете.

Уживајте!

Спонзорирано: