11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Оброк за 10 минути: Салата со туна и грав

Салатата со туна и грав е здрав оброк кој лесно можете да го подготвите!

Состојки:

  • 400 гр туна во масло
  • конзерва од 400 гр бел грав
  • 400 гр зелена боранија (свежа или од конзерва)
  • 2 помали главици кромид
  • сок од 1 лимон
  • 60 мл маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • 1 лажичка мајчина душица
  • 1 лажичка сечкан магдонос

Начин на подготовка:

Туната исцедете ја, а гравот измијте го со студена вода и оставете го во целдилка.

Боранијата исчистете ја, измијте ја и гответе ја околу 5 минути во врела посолена вода. Извадете ја со решеткаста лажица, измијте ја со студена вода и исечете ја на парчиња долги три-четири сантиметри.

Кромидот исчистете го и исечкајте го. Туната иситнете ја со вилушка на парчиња, додајте грав, боранија, кромид и ставете во декоративна чинија.

Измешајте сок од лимон, маслиново масло, сол, бибер, зачини и прелијте ја салатата. Сервирајте после 30 минути со чаша бело вино.

Добар апетит!

Спонзорирано: