24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Ирски леб во тава

Традиционален леб со сода бикарбона печен во тава.

Состојки:

  • 1 шолја млеко
  • 1 лажичка вински оцет
  • 300 гр брашно
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка сода бикарбона

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Во шолја или помал сад, измешајте млеко и оцет. Оставете да стои 10 минути, или додека не стане кисело.

Во сад со средна големина измешајте брашно, сол и сода бикарбона. На таа смеса додајте го киселото млеко и мешајте додека не стане глатко.

Тестото префрлете го на побрашнета површина и обликувајте леб. Ставеете го тестото во тава.

Печете 15 минути во загреана рерна или додека не порумени.