20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Анестезиолог инфицирал 1.300 пациенти со хепатит Ц во Германија

Против анестезиологот во болницата во Донауверт (германската покраина Баварија) почна истрага под сомнение дека во операционата сала заразил 1.300 пациенти со хепатит Ц. Болницата ги повикала пациентите на кои тој им дал анестезија да се тестираат, и од 752 пациенти, кои досега го направиле тестот, 45 се позитивни.

Лекар од општа пракса ја извести здравствената служба дека тројца негови пациенти се заразени со хепатит Ц додека се лекувале во болницата „Донау-Рис“, според „Билд“.

Установено е дека се инфицирани преку операциски инструменти и дека осомничениот анестезиолог е наркоман кој самиот си вбризгувал анестезија.

Неговите адвокати тврдат дека тој не знаел дека бил заразен и дека бил подложен на рутинска проверка пред две години, кога бил негативен. Инфекцијата со хепатит Ц му беше откриена годинава.

Обвинителството во Аугсбург почна истрага против него за нанесување телесна повреда и, според „Билд”, сè уште не е утврдено дали тој дејствувал со предумисла.