17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дескоска ја презентираше агендата за реформи пред претставници од американското Министерство за правда

Министерката за правда, Рената Дескоска, денеска се сретна со високи претставници на американското Министерство за правда.

Како што информираат од ресорното министерство, Дескоска разговарала со заменик-директорот на Канцеларијата за развој, поддршка и обука на обвинителството во странство (ОПДАТ), Џорџ Хубер и регионалниот директор на ОПДАТ за Централна и Југоисточна Европа и Блискиот Исток, Пол Ваки.

На средбата станало збор за реформската агенда на Министерството за правда и сите активности кои се преземаат во насока на градење на систем базиран на владеењето на правото.

Дескоска за време на средбата најавила дека ќе ја бара потребната поддршка од пратениците за сите двотретински закони кои во наредниот период ќе бидат испратени во собраниска процедура.