14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Новиот амбасадор на САД во ОН ќе се знае до крајот на годинава

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека до крајот на годинава ќе одлучи за назначувањето на новиот американски амбасадор во Обединетите нации.

Актуелната амбасадорка, Ники Хејли, објави дека ќе се повлече на крајот од годинава.

Трамп им изјави на новинарите во Белата куќа дека размислува дали на местото на Хејли да ја назначи портпаролката на Стејт департментот, Хедер Науерт или некој друг, пренесе агенцијата „Ројтерс“.