18.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Власта се обидува да нѐ оцрни за да ги прикрие криминалите

Со цел да ги покријат криминалите на единствениот политичар аболициран за тежок криминал Зоран Заев, одродената и криминогена власт со разни манипулации се обидува да ја оцрни ВМРО-ДПМНЕ, вели најголемата опозициска партија по соопштението на СДСМ, од каде обвинија дека пропаднатиот проект „Љубаништа“ наместо светски комплекс, станал светски симбол на криминалот на поранешниот премиер Никола Груевски.

„Освен општ грабеж, крими-картелот организиран од Зоран Заев за половина мандат испорача само лаги и системски ја уништува македонската економија. Граѓаните неодамна беа сведоци дека криминалниот картел се обиде да украде цели 45 милиони евра преку Министерството за здравство и Фондот за иновации. Тоа е криминал што не застарува и за кој ќе одговара бандата на власт. Фондот за иновации го претворија во фонд за финансирање фирми блиски до СДСМ и фирми на функционери од СДСМ. Заеви, Анѓушев, Локвенец, Цветанка Ласкова и останатите потрчковци на аболицираниот криминалец Заев за само една година успеаја да направат ршум низ институциите и заработија милиони“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Понатаму се додава дека Јавното обвинителство молчи за овој скандал и не поведе постапки против сите инволвирани во скандалот „Криминални иновации”.