21.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Евакуирани два воза во Барселона поради сомнителен куфер

Два воза денеска се евекуирани на главната железничка станица во Барселона, откако бил пронајден сомнителен куфер и се проверува дали во него има експлозив.

Портпаролката на регионалната полиција изјавила дека единицата специјализирана за експлозив утрово била активирана за да ја провери пругата на брзиот воз во централната станица „Сантс“ во Барселона.

Полицијата соопштила дека обезбедувањето на станицата утрово идантификувало предмет што личи на можна експлозивна направа во куфер.

Како што се наведува, полицијата го следи безбедносниот протокол. Во тек е истрага.