12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авиокомпанијата „Рајанер“ отпушти вработени поради фотографија што се прошири на интернет

Шестемина вработени во авиокомпанијата „Рајанер“, поради фотографија што изминативе денови се прошири на интернет, добиле отказ со образложение дека ѝ нанеле штета на компанијата, пренесе Би-би-си.

Станува збор за фотографија на која шест вработени во „Рајанер“ наводно спијат на под во Шпанија.

Од „Рајанер“ тврдат дека фотографијата е монтирана, односно дека целата приказна е изрежирана. Откако сликата се прошири на интернет, португалскиот синдикат ја критикуваше компанијата поради нејзиниот однос кон работниците. Синдикатот соопшти дека работниците кои морале да ја минат ноќта на аеродромот немале храна, пиење или соодветно сместување.

Од „Рајанер“ велат дека станува збор за местенка. Тие негираат дека работниците спиеле на под на аеродромот во Малага. Оттаму соопштуваат дека откако им бил откажан авионот за Порто на 14 октомври, работниците добиле соодветно сместување и следниот ден се вратиле во Португалија.

Авиопревозникот наведе дека фотографијата предизвикала голема штета на угледот на компанијата.