14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ципрас и Јеронимос постигнаа условен договор, околу 10 000 свештеници ќе се отстранат од државниот платен список

Грчката влада и Православната црква постигнаа условен договор дека околу 10 000 свештеници и помошен персонал ќе се отстранат од државниот платен список.

Со тоа се отвора патот до појасна поделба на црквата и државата.

Договорот беше постигнат ос страна на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, и архиепископот Јеронимос, и преку овој условен договор државата во иднина ќе исплаќа субвенции на посебен фонд на црквата за исплата на плати на свештениците, пренесува „Ројтерс“.

Договорот, исто така, предвидува и решение за деценискиот имотен спор меѓу грчката држава и црквата, која е еден од најголемите сопственици на недвижнини во земјата.

Грчките кредитори одамна се обидуваат да ја убедат владата да го продаде имотот и да го намали бројот на вработените во јавниот сектор.

Според сегашниот систем, платите на свештениците се исплаќаат директно од државниот буџет, како и на вработените во јавниот сектор, а за платите на свештениците, Грција издвојува околу 200 милиони евра годишно.

Договорот што беше постигнат од страна на грчкиот премиер и ариепископот Јеронимос треба сега да биде усвоен на седница на владата, Собранието и прифатен и од страна на црквата.

Здружението на грчки свештеници веќе објави дека ќе се спротивстави на секој обид за укинување на статусот на државни службеници. Грчката православна црква со векови игра водечка улога во животот на земјата и по уставот православието се смета за официјална религија.

Условниот договор постигнат денес е во согласност со парламентарната дебата за уставните измени, пишуваат дел од медиумите.

Спонзорирано: