4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Малата Сара стигна на клиниката во Германија, родителите благодарни за донациите

Семејството на малата Сара од Охрид ја извести јавноста дека тие се наоѓаат на клиниката во Германија, каде што им е овозможено авансно плаќање на дел од сумата што е потребна за лекувањето.

„По консултативен разговор со клиниката, договорено е во текот на оваа недела да се започне со почетни испитувања кои претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца. Бидејќи сите вие хумани луѓе станавте дел од нас и од нашето семејство, ве молиме од срце помолете се на Бога да биде успешно лекувањето на Сара од нејзиното помало братче Виктор како донор“, се вели во писмото на семејството Настески.

Сара боледува од болест што ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, па неопходна е трансплантацијата на коскената срж. Нејзините родители претходно кажаа дека болеста била утврдена во август, а нивниот 13-годишен син е единствен сроден донатор на коскена срцевина за неа. За Сара беа отворени телефонски линии за донации, а минатиот месец се случуваа и повеќе настани од хуманитарен карактер.