14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Јорданов: СДСМ пред јавноста го почитува и чествува делото на Вита Поп Јорданова, а во собраниска процедура се одрекува од АСНОМ

Денеска одбележуваме 75 години од убиството на Вита Поп Јорданова, една од најистакнатите дејци и борци на народноослободителната борба на македонскиот народ, морам да истакнам дека крајно лицимерно е што претставниците на СДСМ денес, одбележувајќи го овој ден, почитувајќи го делото на Вита Поп Јорданова, како и на другите дејци и борци од народноослободителната борба лицимерно пред јавноста ги почитуваат и чествуваат, а во исто време во собраниска процедура се одрекуваат од АСНОМ, од борците од народноослободителната борба со самата промена на Преамбулата на Уставот, притоа вметнувајќи го Рамковниот договор, изјави на денешната прес-конференција членот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, Иван Јорданов.

Јорданов вели дека со ова уште еднаш се потврдува лицимерната и погубна политика на СДСМ.