11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров во работна посета на Германија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Германија. Посетата следи по поканата на претседателот на Комисијата за ЕУ прашања во германскиот Бундестаг, Гунтер Крихбаум.

Димитров ќе се обрати пред членовите на Комисијата за ЕУ прашања во германскиот Бундестаг, при што ќе се осврне на најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во Република Македонија, процесот на имплементација на договорот од Преспа и реформската агенда поврзана со интеграцијата во ЕУ и НАТО.

За време на посетата, министерот Димитров ќе оствари средба и со неговиот хомолог, германскиот министер за надворешни работи – Хајко Мас, како и со Јан Хенкер – советникот за надворешна политика на германската канцеларка, Ангела Меркел. Ќе се сретне и со раководните лица на фондациите „Конрад Аденауер“ и „Фридрих Еберт“, како и со специјалниот координатор на активностите на Германско-француската канцеларија за млади (German-French Youth Office) во регионот на Југостична Европа, Франк Моравjец.