14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ ѝ пречи градењето на фер општество за сите, зголемена социјална помош за 300 отсто и стабилен пензиски фонд

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно потврдува дека е против градењето на фер општество за сите, дека е против мерките за подобрување на економската состојба на граѓаните, дека е против искоренување на сиромаштијата и стабилни пензии, реагираа преку соопштение од СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оние што со своето криминално владеење придонесоа најмногу за пораст на сиромаштијата денеска се против нејзиното искоренување. На антинародното ВМРО – ДПМНЕ му пречи праведното и фер оданочување каде што оние што имаат најмногу ќе плаќаат повеќе од оние што имаат најмалку. Конечно, со реформата што сега се спроведува би се исправила неправдата најбогатите да се богатат уште полесно, а посиромашните да паднат во уште поголема сиромаштија. Истовремено во буџетот би се слеале средства од 25 милиони евра, пари со кои ќе се финансираат мерки токму за намалување на сиромаштијата, за помагање на најранливите граѓани“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Во својата реакција од партијата додаваат и дека на ВМРО-ДПМНЕ ѝ пречи и зголемена социјална помош, а со мерките што ги презела Владата планирано е зголемување на социјалната помош за 300 отсто и образовен и детски додаток за околу 60 000 деца.

„Оние што со своето криминално владеење придонесоа најмногу за зголемување на финансиската дупка во Фондот им пречи стабилизација на пензискиот фонд и обезбедување сигурни пензии за иднините и сегашните пензионери. На антизападната ВМРО -ДПМНЕ ѝ пречи и стабилизација на ПИОМ со мерките кои се става под контрола буџетскиот дефицит во ПИОМ кој за 10 години се зголемил за 150 % за време на ВМРО-ДПМНЕ, како и воведување социјална пензија и редовно годишно усогласување на пензиите“, додаваат од партијата во соопштението.

На ВМРО-ДПМНЕ, велат во реакцијата од СДСМ, ѝ пречат сите мерки и реформи кои придонесуваат за градење фер и праведно општество со намалување на економскиот јаз меѓу граѓаните и изградба на систем на социјална заштита со трајно излегување од сиромаштијата.

Спонзорирано: