17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Предупредување до американските гласачи: Русија се обидува да се вмеша

Неколку американски институции објавија заедничко предупредување до гласачите, кои денеска излегоа на избори, да бидат внимателни бидејќи продолжуваат обидите за мешање на странски фактори, особено Русија, е објавено на сајтот на ФБИ.

„Странските фактори, особено Русија, продолжуваат со обидите за влијание врз јавното мислење и перцепција на гласачите“ се наведува во соопштението на аемриканското одделение за внатрешна безбедност, Министерството за правда, Канцеларијата на директорот за Национална разузнавачка служба и Федералното истражно биро.

Американските агенции се борат со обиди за мешање, а целта на борба е да се обезбеди пребројување на секој глас и да се преброи исправно, пишува во заедничкото соопштение со нагласување дека во овој момент нема показатели дека постојат обиди со кои се сака да се спречи гласање или да се измени исходот од гласањето.

САД нема да го толерираат странското мешање во нашите избори кое доаѓа од Русија, Кина, Иран или други земји, се заклучува во соопштението.

Спонзорирано: