19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Под рушевините на зградите во Марсеј пронајдено е тело

Спасувачките екипи, полицијата и пожарникарите во францускиот град Марсеј под урнатините на двете згради утринава пронашле тело на еден човек. Акцијата на екипите за пребарување на рушевините и натаму е во тек, а започна вчера веднаш по уривањето на зградите.

Официјалните лица соопштија дека стравуваат дека најмалку осум лица најверојатно се затрупани и се наоѓаат под рушевините на зградите.

Зградите од засега се уште не позната причина се срушија во францускиот град, а при тоа беа повредени и две лица.

Уривањето на зградите предизвикало голем облак од прав, а на самото место на несреќата исто како и во текот на вчерашниот ден и денеска е забалежано зголемено присуство на пожарникари и полицајци со кучиња трагачи, објавуваат медиумите.

На местото на несреќата има и граѓани кои ги чекаат резултатите од спасувачките екипи, бидејќи во моментот кога зградите се срушиле нивни најблиски биле во нивна близина.

По рушевините може да се забалежат и затрупани автомобили.

Спонзорирано: