17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТИЗБОР

Медиумите во САД: Денешните избори за членови на Конгресот се тест за Трамп, но и за демократите

Во САД денеска се одржуваат избори за членови на Конгресот, што, како што пишуваат тамошните медиуми, ќе биде еден вид тест и за републиканскиот претседател и за Демократската партија, во однос на проверка како закрепнуваат од за нив шокантната победа на Доналд Трамп пред две години.

Американците денеска ги избираат своите 435 членови на Претставничкиот дом, со мандат од две години, а една третина од членовите на Сенатот – 35 од 100 за нивниот нов шестгодишен мандат.

„Американците мора да бидат свесни дека странски актери – особено Русија – и натаму се обидуваат да влијаат на јавното мислење и врз ставовите на избирачите“, се наведува во вчерашните текстови објавени во тамошните медиуми.

Предупредување до граѓаните стигна и од страна на американски претставници, кои посочија дека можно е да има и овој пат мешање од страна на трети лица во изборите.

Изборите за членови на Конгресот на САД и за надлежностите на сојузните држави ќе се одржат денеска ширум САД. Изборите се можност за демократите да станат важен фактор на политичката сцена и да го забрзаат заминувањето на претседателот Доналд Трамп, оценуваат експертите.

Историјата е на страна на демократите – партијата на актуелниот претседател обично губи на изборите за Конгресот во средината на неговиот прв мандат, а и истражувањата кои беа спроведени во текот на 2018 година покажаа дека им се дава голема предност на демократите.