18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Изјава за јавност од Пивара Скопје

Потврдуваме дека неколкумина вработени во Пивара Скопје се имаат пожалено на стомачни тегоби.

Состојбата на сите овие вработени ја следиме контиуирано и се надеваме дека тие наскоро ќе бидат добро.

Веднаш по појавата на првите симптоми, Пивара Скопје и надворешниот добавувач на угостителски услуги, во соработка со надлежните државни институции – Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство, ги презедоа сите неопходни чекори и проверки за да се откријат можните причини и да се изолира ваквата појава. Повеќе информации би биле во можност да споделиме откако ќе ги добиеме резултатите од надлежните институции.

Сите вработени во компанијата добиваат редовен оброк подготвен и дистрибуиран од страна на надворешен добавувач. Безбедноста и здравјето на сите наши вработени е највисок приоритет за компанијата.

Скопје, 06.11.2018