17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Преку законски измени државата ќе го решава проблемот со бездомните кучиња

Владата на денешната седница иницирала измени на Законот за здравствена заштита и благосостојба на животните.

Како што соопшти владината прес-служба, во насока на решавање на проблемот со бездомните кучиња, Владата ги задолжила Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство, со ЗЕЛС, како и во соработка со граѓанските организации за правата на животните, во најкус период да подготви законски измени.

Проблемот со бездомните кучиња повторно деновиве е актуелен. Викендов повеќе здруженија за заштита на животните протестираа барајќи примена на хумани методи за бездомните животни и трајно решение на проблемот со обезбедување дом за секое животно. Дополнително, денеска јавноста ја потресе и случајот со девојката која бегајќи од кучиња се удави во Вардар.