10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Инспекцијата упадна во пивара: Се затруле неколку вработени, ова се деталите

Неколку работници се затруле со храна во мензата на скопска фабрика за производство на пиво и сокови.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска изврши вонредна инспекциска контрола во мензата, за да ги утврди причините за труењето.

„Од страна на инспекциските служби, земени ќе бидат мостри од храната која се подготвувала и послужувала како оброк за вработените, како и брисеви од работните површини и од вработените во мензата“, велат од АХВ.

Причините за труењето ќе бидат утврдени со лабораториско испитување на земените мостри храна и брисевите, а резултатите од анализите ќе бидат познати за неколку дена.

Спонзорирано: