13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Екипа од основното училиште „Александар Македонски“ победник на противпожарниот квиз-натпревар

Екипата од ООУ „Александар Македонски“ е победник на квиз-натпреварот за противпожарна заштита на кој учествуваа екипи од сите осум училишта од општина Аеродром.

Победничката екипа ќе учествува на регионалниот квиз во организација на Противпожарниот сојуз на Град Скопје, што ќе се одржи на 14 ноември.

Квиз-натпреварот што се одржа по 34-ти пат е во организација на Општинскиот противпожарен сојуз – Аеродром. Исто така, годинава во рамките на овој натпревар беше организиран и конкурс за ликовни и литературни творби.

Спонзорирано: