16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Прилепчани претепале двајца сограѓани, едниот од нив е во кома

Прилепското обвинителство отвори истрага против четири лица за кривично дело „насилство“. Тие се осомничени дека претепале двајца нивни сограѓани, од кои едниот е во кома.

„Лицата се осомничени дека во саботата во Прилеп, во присуство на голем број граѓани, ја загрозиле сигурноста и нанеле тешки телесни повреди на двајца оштетени. По претходна вербална расправија помеѓу оштетените и еден од осомничените, тој телефонски ги повикал останатите осомничени и со патничко моторно возило марка ‘лада’ почнале да ги бараат оштетените низ градот. Откако ги пронашле, се симнале од возилото и се упатиле кон оштетените. Тројца од осомничените во рацете држеле дрва со должина од еден метар, додека еден во рацете имал нож со должина од 30 сантиметри“, соопшти Обвинителството.

Сите четворица почнале да ги удираат жртвите по главата и телото, притоа на едниот од нив му нанеле животно-загрозувачки повреди како последица на кои тој е неконтактибилен и се одржува во живот со помош на апарати, додека на второто нападнато лице му нанеле телесни повреди изразени со набиеници по главата и телото. Со ваквите дејства, велат од обвинителството, осомничените во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

Надлежниот обвинител проценил дека за тројца од осомничените постои опасност од бегство, како и основан страв дека ќе ја попречуваат кривичната постапка и ќе влијаат врз сведоците. Поради тоа, до Основниот суд Прилеп е доставен и предлог за определување мерка притвор за овие лица.

Спонзорирано: