4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

За пребрзо возењесе добива казна, но и картичка за донирање органи

Сообраќајната полиција во Естонија се надева дека ќе го намали бројот на возачи кои возат пребрзо така што заедно со казните ќе им дели картички за донирање органи.

Естонија има богата мрежа камери за мерење на брзината на нејзините патишта, па земјата е на врвот на европската статистика за пребрзо возење. Годишно за тоа се казнуваат меѓу 12 и 15 проценти од сите возачи.

И возачите мислат дека со оваа кампања, барем некои од нив, ќе станат посвесни за тоа што се случува кога возат премногу брзо.