5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZИЗБОР

Песната што го прослави Ед Ширан крие голема трагедија

Песната што Ед Ширан ја посвети на трагично загинатиот пријател ја покрена неговата музичка кариера, пишува „Дејли мејл“.

Кога имаше само 14 години, Ед Ширан остана без својот близок пријател Стјуарт Динес, кој загина на школски излет.

Ед, кој не присуствуваше на излетот, одлучи својата тага и болка по загинатиот пријател да ги преточи во музика, а песната We are стана еден од неговите најголеми хитови од почетокот на неговата кариера.

Стјуарт загина при верижен судир на два автобуса кои ги возеа британските ученици на ски-излет во Германија.